Шанел со нов парфем-најскап до сега
•
29 мај 2013
Славата која Шанел ја доби благодарение на легендарната актерка Мерилин Монро трае и денес. Козметичкиот маг во текот на годините постојано се трудеше на купувачите да им донесе бројни иновации, а и овој пат не е поинаку.
Луксузниот бренд на пазарот ја пласираше специјалната и ограничена колекција на свои парфеми во шишенца од дури еден унци (0,88 литри). Еден парфем ќе чини околу 3.200 евра.
Парфемите од „Grand Extrait“колекцијата, високата цена не ја должат само на мирисот и количеството, туку и на рачно изработените шишенца. Од модната куќа соопштија дека парфемот е наменет на колекционерите на луксузни предмети.