Сигурно во неколку наврати до сега ако не на сите барем на неколку познати личности сте им позавиделе на бујната и секогаш средена коса а вие се „борите“ со недостаток на волумен, со вашата танка и безживотна коса на која не и прилега ниту една фризура. Денес решивме да ве ослободиме од таа заблуда. Во поголем број случаи се сè сведува на илузија во поглед на тоа како да го зголемете волуменот на танката коса и да направите таа да блеска и да одзема воздишки каде и да се појавите.
Рамно исечената фризура со должина до рамена е идеална за сите кои имате танка коса, бидејќи визуелно и го зголемува волуменот. Немојте во никој случај да ја сечете косата во форма на степени, бидејќи на тој начин уште повеќе ќе нагласите дека е тенка.
Друга фризура која совршено би им одговарала на сите дами со танка е коса е нерамномерно исечен боб. Долгите прамени нека бидат во преден план, а кратките позади. На овој начин визуелно вашата коса ќе изгледа побујно и прекрасно. Покрај тоа боб фризурата е безвременска и секогаш е во мода, па ако ве загрижи трендовскиот момент тогаш дефинитивно ќе бидете една од најмодерните каде и да се појавите.
Друга идеја која може да ја примените за да оставите впечаток на убава коса е да исечете шишки. Тие ќе направат визуелно да се затскрие вашиот проблем и ќе направат косата да изгледа побујно. Доколку сакате вистински да ви успее ефектот за побујна коса, тогаш остатокот навиткајте го со помош на фигаро, ставете малку лак и зацврстете ги кадриците, потоа протресете ја косата и оставете ја лелеаво да паѓа.
Пикси е исто така една од оние фризури кои се секогаш во мода. Истата има доживеано неколку трансформации низ годините, но секогаш го задржува основниот облик. Кратката фризура и нерамномерните прамени шармантно разбушавени секако ќе и дадат волумен на вашата коса, но и прекрасен урбан изглед.
Со истакнување на длабок патец од едната страна на косата исто така може да се создаде волумен. Всушност, ова е еден од најстарите трикови за постигнување на бујна коса, па според статистиките низ годините слободно можеме да кажеме дека ова е најефикасниот и наједноставниот начин за да го добиете посакуваниот ефект во поглед на средувањето на косата.
Осветлувањето на врвовите на дел од прамените, визуелно ќе ја поделат вашата коса и ќе ги издвојат темните од светлите прамени, а со самото тоа ќе добиете изглед на бујна и густа коса. Екстра совет плус за русокоси од експертите е со светла сенка за очи со четкичка да нанесете на надворешните прамени од темето кон врвот, ефектот е неверојатен. Пробајте!