Шишките се ин оваа сезона!

29 април 2015

Доколку го имате вистинскиот бохо фустан и чантата со реси, единственото нешто што ви недостасува се шишките! Она што ви е потребно е малку храброст за пролетна промена на фризурата, а дел од таа промена се дефинитивно шишките.

Пред да направите било каква промена кај косата, консултирајте се со вашиот фризер дали воопшто ви прилегаат шишки на лицето, бидејќи не значи дека ако истите се во тренд во моментов, ќе ви прилегаат добро и на вас.

Една од девојките со најпознатите шишки во историјата, е дефинитивно модната икона Џејн Биркин која можеби и најдобро ја носеше оваа фризура.

Денеска, едни од најпознатите девојки со вакви фризури се прекрасната Мирослава Дума, манекенката Фреја Беха Ериксен, Алекса Чанг и шармантната ќерка на Џејн Биркин, Лу Делон.

Доколку се решите за ваква фризура сезонава, обидете се малку и да ја навиткате косата и истата лежерно да биде прекршена, додека шишките оставете ги прави.

Секако, не обидувајте се сами да ги направите шишките за да не погрешите, сепак постојат професионалци кои знаат како точно да го изведат тоа!

Објавено:
29 април 2015
Категорија: 
Убавина