Шминката на Модната Недела во Њујорк

10 септември 2013

Повторно отелотворена природата на големите веѓи, мачкин поглед и блед тен. Минималната шминка ќе биде актуелна за  летната сезона за следната година.

Реквизитите кои сигурно ви требаат се руменило, пудра, неутрални нијанси на сјаеви, портокалов или црвен кармин и тоа е тоа. Ако трендовите барем во поглед на шминката летово кое измина беа мошне богати и колоритни, за наредното лето тие ги сведуваат своите пропорции на минималност. Направивме еден сублимат на она што досега имавме можност да го видиме на Модната недела во Њујорк, па еве што беше заеднички фокус кај повеќето дизајнери.

 

 

Витаминските бакнежи е апсолутниот тренд кој победи и тоа во портокалова боја. Скоро сите дизајнери се маѓепсани од портокаловата боја почнувајќи од Prabal Gurung, DKNY и Rag & Bone. За нешто потемна нијанса се одлучи модниот бренд Altuzarra.

 

Карли Клос за DKNY

 

Кожа како на ангел. Ова не мора да значи дека кожата треба да ви биде премногу бела или бледа па да изгледате како вампир, туку она што сакаат да го потенцираат дизајнерите е мат тенот, мазноста и сјајноста на кожата на лицето. За да се одржи природниот изглед некои дизајнери и шминкери како Том Pecheux кој за Altuzarra се одлучи да користи бела сенка за очи, црвен кармин и блед тен, тренд кој го следат и шминкерите на Maybelline New York за Лакоста и брендот Curso Barcelona. Вистината е дека сите тежнеат тенденциите за наредното лето во поглед на шминкањето да бидат што поприродни, а акцентот да паѓа само на усните.

 

Altuzarra

 

Очи исцртани со туш и густи веѓи, ова се индикации кои дефинитивно асоцираат на Кара Делевињ. За промоција на оваа тенденција се решија модните куќи на Дерек Лем, БЦБГ Макс Азриа и Такун. Инспирацијата се 50-тите години и овој вид на шминка ќе се користи само за посвечени и специјални прилики.

 

Дерек Лем

 

Мачкиниот изглед ќе биде вашето оружје со кое ќе освојувате во долгите топли ноќи, а витаминските усни ќе бидат вашиот адут за преку ден. Дами барем за шминка ќе заштедите наредната летна сезона, а во продолжение погледнете ја галеријата:

 

Објавено:
10 септември 2013
Категорија: 
Убавина