Негата на лицето и телото е нешто на што треба да се внимава уште од младоста. Сепак, секоја нова декада носи нови потреби и промени и во негата.
Ако сте на прагот од петтата декада или веќе сигурно чекорите во неа, во продолжение прочитајте неколку совети за тоа што да смените после 40-тата за кожата на лицето и телото да ви бидат благодарни:
1.Сменете ја негата за сонце
Ако во 30-тите не сте почнале со нега со заштитен фактор, на прагот на 40-тите тоа е задолжително. Заборавете на заштитните фактори само за време на одмор, сега тие ви се потребни при секое изложување на сонце. На тој начин ќе го спречите создавањето на сончеви пеги, ќе ја задржите свежината на лицето и ќе го избегнете УВ зрачењето. Колку и да го сакаме, сонцето сепак не е нашиот најдобар пријател кога е кожата во прашање. Препаратите што треба да ги користите во оваа декада покрај заштитен фактор треба да создржат и состојки против брчки, како и состојки за хидратација.
2. Зголемена хидратација
А кога ја споменавме хидратација, после 40-тата ви е потреба уште повеќе отколку претходно. Притоа, не мислиме само на хидратација на кожата во фора на креми или лосиони, туку и во форма на консумирање на вода. На тој начин ќе ја одржите кожата здрава и помлада. Дехидратацијата и тоа како се одразува на кожата, таа почнува да се лупи, не е еластична, па започнете го денот со чаша вода и продолжете и во текот на денот.
3.Чистете ја кожата правилно
Откако ќе го пронајдете вистинското средство за чистење на лицето, користете го правилно. Оставете го да дејствува 30 до 60 секунди, убаво да се впие во кожата, а потоа отстранете го. Исто така, внимавајте да не е преагресивно, за да не ја суши кожата дополнително, а ако не сте сигурни што да одберете, консултирајте стручно лице.
4. Не тријте го лицето
Ова е правило кое би требало да се применува уште во 20-тите, но со оглед на тоа дека често грешиме, добро е да повториме. Никогаш не тријте го лицето со крпа, туку тапкајте. Секогаш внимавајте крпата да е чиста и со неа тапкајте по лицето да се исуши, но никогаш не поминувајте со силни движења, мислејќи дека правите пилинг. На тој начин само ја зголемувате шансата да ви се појават нови брчки. Исто така, никогаш не користете иста крпа за лице и за тело.
5.Користете витамин А
Витаминот А е задолжителна состојка во вашата нега уште во 30-тите, но ако досега не сте го користеле, започнете сега. Формите на витаминот А можат вистински да направат чуда за вашата кожа – го поттикнува создавањето на колагенот, се користи за пилинг на кожата...
6.Не заборавајте го вратот
Вратот може е еден од првите показатели на нашата вистинска возраст, освен ако не го негувате правилно. Доколку досега не обрнувавте доволно внимание, тоа нека се смени уште денес. Не е доволна само кремата што ја нанесувате на лице, туку ви е потребен и заштитен фактор, како и препарати против стареење. Вратот заслужува подеднаква нега како и остатокот од телото и лицето. Исто така, бидете паметни, па не изложувајте го вратот претерано на сонце. Нека биде покриен со шамија или носете шапка со поголем обод за да се заштите од штетните сончеви влијание на овој чувствителен дел од телото.
7. И на рацете
Рацете се вториот показател на тоа дека старењњме, па кога ќе навлезете веќе во петтата деценија од животот, не заборавајте да си купувате креми за нега на рацете што содржат витамин А и заштитен фактор. На тој начин ќе го намалите брчкањето на кожата, како и појавувањето на пеги од сонце. Исто така, додека користите средства за садови и чистење, потрудете се да ги заштитите рацете или пак да бидат со состојки што ќе го ублажат штетното дејство, а после тоа секако не заборавајте да ги негувате.
фото извор: pinterest.com;