Секоја временски период и сезона ја одбележува различен тренд, како во стилизирање на облеката, така и косата. Оваа година бевме сведоци на динамични промени кај трендовите на фризури, па така, и оваа сезона со задоволство го пречекуваме новиот стил кој ќе не освои.
Овојпат му посакуваме добредојде на трендот кој претставува совршен микс помеѓу фризурата на Брижит бардо, односно нејзините шишки кои ги одбележаа 60-тите, и прамените на Рејчел Грин кои беа симбол за 90-тите.
Двете фризури успеаја да го стекнат епитетот на безвременски, бидејќи и покрај периодот што го дефинираа, сепак се многу популарни и денес.
Новиот стил кој ги побрзува овие две фризури го носи името „The Brachel" и се карактеризира со долги шишки кои го врамуваат лицето и му даваат убава структура, особено околу веѓите и јаболчниците, додека пак прамените се одговорни за добрата текстура.
Ова е фризура која бара стилизирање, затоа што нејзината цел е да постигне голем волумен. Тоа можете да го постигнете со фен и тркалезна четка.
Во прилог можете да погледнете како изгледа оваа фризура и како можете да ја стилизирате и да изгледате како вистинска холивудска ѕвезда оваа сезона.