Што му прави одморот на плажа на вашето тело?

1 јули 2019

Сите со нетрпение го чекавме летото поради сонцето, убавото време и секако летните одмори. На секого му треба неколку дена уживање и релаксирање, далеку од работното место.

И дека летниот одмор не е само желба, туку и потреба која ќе го подобри здравјето, ќе говорат и фактите во продолжение.

Имено, научниците откриле дека престојот на плажа, мошне позитивно влијае на човековото тело, а во продолжение ви презентираме дел од придобивките:

1.Помага при опуштањето

Звукот на брановите му помага на човековото тело да се опушти. Тоа ќе ви го потврдат и бројни апликации за смирување или мелодии кои го содржат токму шумолењетона брановите. Науката вели дека нашиот мозок е составен од 75% вода, а според биологот Волис Џ. Николс, нејзиниот состав има допирни точки со составот на морската вода. Нашите гени го паметат периодот во кој животот се развил токму од океанот, па затоа и престојот покрај вода делува така смирувачки на нас.


2.Активирање на витаминот Д

Престојот на плажа, без оглед на тоа дали се работи за море, езеро или реки, подразбира уживање и во сонцето. Секако дека заштитата од УВ зрачењето треба да е максимална, но одредено количество витамин Д е неопходен за нормална работа на организмот, односно за апсорпција на калциумот и со тоа подобрување на здравјето на коските. Овој витамин го има и во храната - шампињони, туна, козјо сирење, млеко, јајца, но сепак тоа количество не е доволнно за функционирање на организмот. И иако се верува дека витаминот Ц е клучен за имунитетот, вистината е дека тоа е витаминот Д. Со редовно излегување на сонце, ќе бидете помалку склони кон настинки.

 

3.Спокој


Американските научници Кони и Марсел Хернандез тврдат дека луѓето кои живеат во непосредна близина на морето или во текот на годината го посетуваат неколку пати, па макар и за викенд, се посмирени од оние што не го прават тоа. Причината е за тоа пред сè во вдишувањето на морскиот воздух, кој е исполнет со минерали и негативните јони. Тие значително влијаат на насшиот мозок и перцепцијата на светот околу нас. Затоа воопшто не е чудно што после пливањето или вечерната прошетка до море ви изгледа како сите грижи исчезнуваат или макар изгледаат како лесно решливи.

 

За оние што не можат да си дозволат одмор на плажа покрај река, добрата вест е што слично влијание врз организмот има престој и покрај езеро, односно река.

Објавено:
1 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.506 пати