Што открива бојата на косата за вас?

6 февруари 2014

Бојата на вашата коса за вас може да открие повеќе отколку што мислите. Бројните истражувања покажаа дека голем дел од првиот впечаток кај луѓето се состои и од тоа каква боја на косата имате. Па така, според експертите, мажите бринетите ги сметаат за подостапни, русокосите за нежни и чувствителни, а црвенокосите за многу горди. Иако таквите предрасуди често делуваат неточно и неправедно, сепак тие длабоко се вкоренети во нашето општество!

Платинеста русокоса

Само 10 проценти од луѓето на светот се природно русокоси. Оваа боја секако привлекува внимание со оглед на тоа што е исклучително ретка. А секако, сѐ што е ретко, привлекува внимание!

Русокоса со „златен“ сјај

Тешко е да не ја поистоветите златно русата коса со некој од двата легендарни поими за совршена убавина – класични, заводливи, елегантни убавици достојни за црвен килим или типични американски девојки од соседството. Но, зад сексипилот и невиноста што тие на прв поглед ги претставуваат, оваа боја крие забава, флерт и дружељубивост на девојката со златно руса боја на косата.

Омбре

Омбре бојадисувањето е сѐ уште популарно, и покрај фактот што изминатата година можеше да се види на буквално секоја втора девојка. Коренот со потемна боја што сѐ повеќе се осветлува кон краевите на косата, е многу лесен за одржување, па освен тоа што е синоним за модерна девојка, претставува и лице кое сака да биде безгрижно, практично, но и лице кое не секогаш „игра“ на сигурно.

Бринета

Не сме сигурни колку е вистина, но фактите покажуваат дека зад бринетите се кријат најинтелигентните девојки на светот. Другите секогаш ги доживуваат како паметни, зрели и со цврст карактер. Природните бринети ги има најмногу во светот од сите природни бои на косата, а за истите може да се каже и дека се едни од најпосакуваните девојки од мажите.

Темно кафена

Темно кафената коса што се движи и во правецот на црната, е тешка боја за одржување, но за оние на кои добро им стои, сметаме дека е вредна за трудот. Во комбинација со богати, таласести бранови крие одредена доза на мистичност, а девојките со ваква боја на косата често се доживуваат како исклучително креативни!

Боја на костен

Токму како и русата коса, и онаа со боја на костен е исклучително ретка. Од некоја непозната причина, девпјките со црвенкаста боја на костен не уживаат поволна репутација. Тие се сметаат за многу горди и тешко достапни. Добрата страна е тоа што тие девојки се доживуваат и како големи авантуристки и „огнени“ индивидуалки!

Бакарно црвена

Жените со бакарно или огнено црвена боја се сметаат за многу самоуверени девојки. За нив многумина велат дека се и тврдоглави, но и многу одлучни и исклучително страстни. Тие изобилуваат со неверојатен темперамент и се многу допадливи за момците.

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Убавина