Бронзерот секогаш треба да биде до две нијанси потемен од бојата на вашиот тен, а освен по бојата, секогаш одбирајте го и според вашиот тип на кожа. Како помош, на мрсната кожа секогаш подобро и прилега и одговара сув бронзер во прав, а на сувата – течен и кремаст.
Совршената нијанса на бронзерот секогаш се бира според бојата на кожата. На оние девојки со светла кожа, многу подобро им прилегаат нежните бои, како „праска“ боја и боја на мед, на оние со средно темна кожа златните и земјени нијанси, додека на оние девојки со многу темна боја на кожата најмногу им одговараат чоколадни и златни тонови.
„Погрижете се секогаш бронзерот да ви биде од една до две нијанси потемен од бојата на вашата кожа за да изгледа природно. Она што дефинитивно треба да го избегнувате се портокаловите нијанси на бронзери и секогаш да ги замените со златни“, вели американската позната шминкерка Лорен Андерсон, која работи за Џесика Алба.
Освен според бојата на кожата, изборот на бронзер зависи и од типот на кожата. Како што споменавме погоре, доколку се борите со мрсна кожа, погрижете се вашиот бронзер да биде сув и во прав, а доколку пак имате многу сува кожа, обидете се да и дадете свежина на истата со кремаст и течен бронзер во вид на гел.
Како правилно да го нанесете бронзерот?
#t=16
За да постигнете вистински природен ефект, она што исто така треба да го знаете, е како правилно да го нанесете овој многу значаен дел од женската козметика. Најдобро е, секогаш да ги нагласите јаболчниците и линијата кај коската на образите па сѐ до косата, но внимавајте да не изгледате нападно.
Бронзерот во прав се нанесува на врвот на јаболчниците, а со четката се движите во правец од носот па кон надворешните агли на очите. Откако ќе нанесете бронзер на јаболчниците, она што треба да го направите е да ги нагласите деловите кај челото и брадата, но за тоа секако треба да користите поголеми четки, откако претходно ќе го исфрлите вишокот бронзер од нив. Едноставно само дувнете и вишокот бронзер ќе исчезне. За да постигнете вистински нежен ефект кај челото, тргнете со четката од неговата средина, па кон слепоочниците, а во однос на нагласувањето на брадата, почнете од увото па сѐ до брадата.
Во однос на течниот бронзер, најсигурно и најубаво е да го нанесете со рака, но важно е добро да го натапкате за да не ви останат дамки ниту пак нерамни делови.