Сода бикарбона - чудесен сојузник на убавината

9 ноември 2013

soda-naslovnica

За свеж здив

Ако ве мачи непријатниот здив од уста, исперете ја устата и грлото со пола чаша вода и малку сода бикарбона.

Избелување на заби

Без разлика дали сте пушач, страствен љубител на кафето или едноставно сакате да ги избелите забите, најдобар начин како сами дома можете да го направите тоа е со употреба на сода бикарбона. Овој начин е познат уште од дамнина. Помешајте една лажичка сода бикарбона, малку сол и неколку капки оцет од јаболка. Мешавината би требало малку да запени и тогаш сте подготвени за четкање на забите. После тоа, забите исчеткајте ги со обична паста. Со оваа метода, забите смеете да ги избелувате најмногу еднаш неделно.

zubi-tekst

Дезодоранс

Овој чудотворен бел прав претставува одлична алтернатива на индустриски произведените дезедоранси, па делотворно ги отклонува сите непријатни мириси. Едноставно помешајте пола лажичка сода бикарбона со малку вода и веднаш нанесете под раката. Ако сакате да го запрете потењето, помешајте пченкарен скроб и сода во размер 6:1 и нанесете на саканото место.

Отстранување шминка

Отстранувањето шминка е ритуал кој секоја жена го практикува. Ако сте во потрага за брзо и делотворно средство помош побарајте во содата. Помешајте две чајни лажици сода бикарбона со една лажичка топла вода. Мешајте со прстите, додека не добиете мека паста. Навлажнете го лицето со топла вода и нанесете ја пастата со нежни кружни движења. Темелно исперете и исушете го лицето со крпа.

tijelo-tekst

Пилинг за мека и мазна кожа

Ревитализирајте ја својата кожа со едноставен и евтин пилинг. Направете паста од соба и вода во размер 3:1 и применете ја на рацете, нозете, лактите, но и на лицето. Нанесете ја со кружни движења и после тоа исперете. Исто така, сода бикарбона може да ви помогне и да ги отстраните мозолчињата: направете паста од сода и свежо исцеде лимонов сок, па периодично нанесувајте на саканите делови.

Против изгореници

За да ја смирите изгорената кожа, искористете ја пастата која ќе ја направите од сода бикарбона и вода. Исто така, можете да ставите малку сода и во купка. За посебно, пријатно олеснување, мешавината подгответе ја во распрскувач, кој ќе го оставите во фрижидер.

За сјајни нокти

Ставете малку сода на влажниот памук и исчистете го просторот под и околу ноктите. Содата ќе ги омекне кутикулите, а ноктите ќе ви попримат посебен сјај.

koza-tekst

Шампон за суво перење

Веќе не морате да трошите богатство на специјализираните производи. Ако немате време да ја измиете косата со класичен шампон, искористете ги својствата на содата. Едноставно ставете малку сода и талк на четка за коса и исчешлајте се. Содата ќе ја впие мрснотијата, а вие за многу кратко време ќе бидете подготвени за излегување.

Симнување боја од коса

Пред да почнете да се нервирате околу неуспешната боја на коса, обидете се да ја исперете бојата со сода бикарбона. Помешајте еднакво количество на шампон и сода и добро мтата ќе биде поделотворна. Пастата втријте ја на косата, оставете неколку минути и исперете. Потоа нахранете ја косата со регенератор или маска.

Нега за стапала

По напорниот работен ден, спасот побарајте го во купка направена од 2 лажици сода и една лажица сол. Мешавината ќе ги оттргне сите нечистотии, за отклонување на мртвите клетки од кожата. За оваа намена можете да ја употребите и пастата за пилинг.

Објавено:
9 ноември 2013
Категорија: 
Убавина