Фустан на преклоп. Тие прават вистински чуда во модниот свет. Жените комплетно му се предаваат кога чувствуваат проблем со облекувањето или комбинирањето на парчињата облека, а посебно кога имаат проблеми со килограмите околу струкот.
Сакајте го вашето сако. Добрите кроеви ја прават женската силуета складна. Сако скроено по мерка ќе биде полн погодок за повеќе прилики, од лежерни до свечени, затоа имајте едно сако кое секогаш ќе ви биде при рака. Не се ослонувајте на широките пуловери, зашто секогаш кога го имате совршениот крој според вашата силутета , тогаш нема да погрешите.
Темни бои. Црната боја ја издолжува силуетата, а тоа го прават и останатите темни бои. Додека интензивните бои предизвикуваат внимание и не се соодветни за местата кои сакате да ги прикриете.
Носите висок струк. Панталоните со низок струк го откриваат вишокот околу вашата половина, што ни малку не е привлечно. Држите се до среден или висок струк на панталони или фармерки, зашто на тој начин ќе ги покриете сите не посакувани делови и вишокот.
Држете се до кроевите кои ја следат вашата силуета. Овој совет можеби и звучи контрапродуктивно, но прифатете го. Сокривањето на стомакот под широките џемпери може да резултира тој да изгледа а и вие уште поголемо. Затоа струкираните кроеви, креираат женствена силуета.
Избегнувајте детали. Ако сакате да го сокриете стомакот, избегнувајте било какви детали на тој дел на телото. Никако не доаѓаат во предвид џебови и украси.
Заборавете на ремен. Мислите дека ремен околу струк е добра идеја кога сакате да го тргнете вниманието од стомакот? Не е, зашто ефектот ќе биде спротивен, колку и да ви се чини дека ги ублажува килограмите. Тука грешите!
Избегнувајте впечатливи материјали. Тенките материјали со еластин ја оцртуваат секоја неправилност, затоа подобро избегнувајте ги овие ткаенини и водете сметка облеката да се лизга околу вас, отколку да се лепи.
Носите доленa облека за обликување. Можеби не е најсекси, но долната облека за обликување е одлична да ја носите под облеката, посебно ако сте на некој свеченост која бара фенси стајлинг.