Среќен роденден Bath Bombs!

21 јуни 2019

Lush ги слави јубилејните 30 години откако е создадена првата Lush купка за во када, односно првата Bath Bomb. Од тогаш се измислени стотици и стоцици нови купки, внесени се нови иновации, а идеите се неисцрпни. Кога ќе застанете пред штандот на Lush во Сити Мол, верувајте дека нема да знаете за што да се одлучите. Дали сакате повеќе да преовладуваат бои и нијанси, можеби мириси или сакате масни кремасти купки што даваат екстра хидратација. За овој спектакуларен роденден, се измислени многу нови купки, уникатни и забавни, сите со своја приказна. Ќе погледнеме некој од нив:

Chocomint – Сладолед од минт и чоколада, вкусен десерт за во када. Воедно ве релаксира и опушта, а слаткиот мирис прави да се чувствувате дека се капете во чоколада. Какао путерот и бадемовото масло, ја негуваат вашата кожа.

Ginger Ninja – Под бакарниот склоп на овој нинџа се кријат еден куп состојки. Сицилијанска мандарина, масло од бергамот и маслото од ѓумбир ќе ве освежат и ќе ве направат непобедливи.

Honey I Wash The Kids – Па дали има нешто поодоливо од мирис на карамела? Никако! Мирисот ќе посакате да го чувствувате во текот на целиот ден.

Hulder - Земете пауза и нурнете се во бања полна со морска сол за да се освежите и релаксирате. Чемпресот и маслото од девана се толку моќни за да ги осветлат и најмрачните денови.

Karma Yantra – Смирете ја вашата боемска душа со мирисот на пачули и острите мириси на бор. Оваа купка е првата асоцијација за сонце и позитивна мисла.

More Tea And Sympaty – Потонете во освежителното масло од нероли и прочистувачкиот зелен чај.

Tutmeric Latte – Куркума, чоколадо и кафе. Каква необична комбинација! Какво прекрасно уживање!

Пробајте ги новите јубилејни Bath Bombs додека сè уште ги има.

Објавено:
21 јуни 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
634 пати
Тагови: 
козметика Lush