Среќен роденден Hello Kitty!

10 ноември 2014

Hello Kitty со работа започна во 1974 година, а по повод прославата на 40-от роденден, брендот лансираше лимитирана козметичка колекција, која ќе ви помогне во усовршување на изгледот. Колекцијата е составена од балсам за усни, сет за маникир, сенки за очи, молив за очи, маскара и други производи.

Nail Kawaii сетот е составен од турпија, лакови за нокти, налепници и 3Д апликации и е одличен сет за негување и средување на ноктите.

An Apple A Day Trio Lip Balm сетот е состане од три различни вкусови на балсам за усни и се совршен избор за хидратација на усните, во текот на зимскиот период.

Ruby Solid Perfume од сега може да го носите околу прстот, а парфемот е комбинација од зелена јаболка, јапонско овошје, цвеќе, мошус и ванила.

Hello Kitty огледалото за четириесеттиот роденден е специјално изработен со над 200 кристали кои се рачно поставени на него.

Hello Kitty палетата за сенки нуди дваесеттина светкави и живописни сенки за вашите забавни моменти.

Чантата за железни пари е легендарно парче кое прв пат беше направено во 1974 година. Специјално за одбележување на 40-от роденден, брендот лансираше нов модел, со промена на големината, која дозволува покрај железните пари, со вас да ја понесете и неопходната шминка.

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Убавина