Плетените капи се дел од нашето секојдневие, особено во зима кога е студено. Иако најчесто капите ги користиме меѓу другото и да ја „камуфлираме“ неуредната коса, сепак во одредени случаи спротивно на ова, може да ни бидат само дополнителен аксесоар кој естетски ќе ја комплетира фризурата.Затоа ви предлагаме неколку начини како да ги комбинирате шапките и капите како моден додаток кој нема да ја растури вашата фризура, туку напротив ќе и додаде посебен шарм.
Капа + рамна коса
Долгата, рамна коса е идеална фризура за волнена капа. Топлата капа на оваа фризура ќе и даде свежина особено ако е во весел колорит и ќе ја разбие монотонијата која рамната коса, а и времето надвор ја носат со себе. Нормално, кај вака долга коса, потребно е должината на прамените да бидат негувани и сјајни, за да дојдат до израз. Не заборавајте дека и покрај тоа што носите капа, сепак во зима задолжително е да и обезбедите соодветна нега. Како што вашиот организам има потреба од храна, истото важи за вашата коса, а особено во зима. Затоа консултирајте се со вашиот стилист и посветете и соодветно внимание на вашата коса за да заблескате во вистински сјај.
Шешир или капа + долга коса со шишки
Шешир со широк обод или волнена капа со плетено топче на врвот одлично одговара на долга коса со шишки, а уште поубаво ако вашите прамени се во брановидна форма. Шеширот ќе ја нагласи вашата женственост и дамска префинетост. И во овој случај можете да играте со палетата на бои но сепак, наш совет е да одберете шешир во некоја од потемните нијанси како што се темно виолетова, бордо боја, кафеава, црна, тегет, зелена или окер жолта. Шишките ќе ја нагласат вашата сензуалност, а брановидните прамени кои се апсолутен тренд оваа сезона ќе го нагласат вашиот одличен вкус за мода.
Кадрици + шешир
Дамите кои имаат природно кадрава коса или пак кои ги обожаваат локните, мошне често имаат предрасуди во однос на тоа дека кадравата коса не дозволува носење на шешири, што е нормално погрешно. Во вакви случаи, шапката само ќе ви биде од помош и ќе ви овозможи да го прикриете оној дел или прамени кои не можете даги скротите. Со ваква раскошна и бујна коса најдобро се комбинираат машките модели на шешири. Кој вели дека машките шапки не можат да изгледаат кул кога ги носат жените.
Плетенка + шешир
Долгите и разбушавени плетенки се фризура која пред само неколку години на голема врата се вратија како тренд и понудија широк спектар на можности, комбинации и стилски облици. Една варијанта е да ја сплетете косата на страна и да ставите шешир. Друга варијанта ви е да си сплетете две плетенки и да ги пуштите да паѓаат од двете страни. Ќе изгледате како вистинска бохо принцеза која е во чекор со последните модни диктати. Ова е одлична фризура кога сакате да изгледате лежерно, но и кога косата не и ви баш средена, а морате набрзина да излезете.
Средна должина коса + капа
Како совет плус, капите одлично може да ги комбинираат и девојките со ултра кратка коса, пред се како најсоодветен начин да се заштитат од студот.