Мирисот има неверојатна моќ. Паметиме момент, будиме сеќавање, задржуваме спомен – преку магијата на мирисните ноти.
Нашата денешна приказна им ја посветуваме на ексклузивните италијански парфеми Tiziana Terenzi, чиј ексклузивен застапник за Македонија се ИТ козметикс.
Богатата семејна историја на овој бренд вклучува три генерации на семејството Terenzi, почнувајќи уште од 1968 година.
Денес на чело на брендот се главниот парфемиер Paolo Terenzi и креативниот директор Tiziana Terenzi.
Tiziana е неверојатен уметник, дизајнер што до сега има соработувано со најпознатите брендови за изработка на накит. Нејзиното софистицирано чувство за естетика е веднаш видливо преку неверојатно елегантната линија на парфемите, луксузно спакувани во шишенца од квалитетно италијанско стакло и автентични дрвени капачиња изработени од ретки видови на дрво.
Paolo е поет што пишува поезија преку мирисни ноти, еден од најреспектираните италијански парфимери. Неговата филозофија е да компонира убавина. Тој е професионален музичар, уметник со бесконечна имагинација, а резултатот на сето тоа е уметност и убавина преточени во шишенца парфем.
Tiziana Terenzi не се обични парфеми, туку емоција, авантура низ чувствата и спомените. Инспирацијата за нивното создавања секогаш доаѓа од различните животни искуства, патувањата и емоциите. Овие ексклузивни парфеми ја користат целата своја моќ за да ги разбудат емоциите и да го предизвикаат максималното уживање во моментот и животот.
Достапни се во неколку луксузни линии односно колекции: Gold, Black, Anniversary, Luna и Luna Stars, секоја од нив како посебно и неповторливо доживување спакувано во уметност.
Покрај парфеми, потписот на Tiziana Terenzi го носат и уште неколку уникатни продукти за домот, со акцент на ароматичните свеќи.
Достапни се во парфимериите Anabella.
Спонзорирана објава