Познатата актерка Хелен Мирен е доказ дека и дама во години може да изгледа природно и неверојатно, а неодамна таа ги откри и нејзините тајни за убавината.
Иако многумина ќе кажат дека оваа 70 – годишна актерка е љубител на пластичните операции и скапите третмани, таа вели дека тоа воопшто не е точно.
На неодамнешниот Кански филмски фестивал, таа ги привлече сите погледи кон нејзината одлична фигура и неверојатен стајлинг кој потсетуваше на ерата на стариот и гламурозен Холивуд.
Во едно интервју таа ги открива тајните на нејзината убавина и необичната рутина за нега и триковите со кои таа постојано ги изненадува сите експерти кои признаваат дека нејзините методи се навистина необични, но и дека функционираат супер.
„Сама ја бојадисав косата само неколку дена пред да се појавам на Канскиот фестивал со едно пакетче Лореал боја за коса. Ретко одам во фризерски салон, можеби само два пати годишно, а инаку сама ја кратам и косата. Мојата сестра и јас често знаеме да си направиме прамени како што тоа го правевме порано, со едноставна четка за заби“, вели актерката.
Воопшто и не изненадува што таа е еден од најстарите претставници на козметичкиот бренд Лореал, а договорот со нив го прифатила само под услов нејзините фотографии никогаш да не бидат фотошопирани.
„Искрено, не верувам дека реков дека нема да дозволам малку обработка, туку сакав сето тоа да се сведе на минимум. Некогаш ќе падне лоша сенка врз вашето лице или ќе имате некое влакно вишок што ќе мора да се среди, но никогаш не сакав да изгледам непрепознатливо на фотографиите. Често кога ќе се видам на некој постер за филм, ќе си речам дека изгледам добро, но и дека тоа не сум јас“, вели Мирен.
Кога се во прашање корекциите, во едно интервју во 2014 – та година за магазинот Тајмс, таа изјави дека размислува за тоа наскоро да направи некоја операција, но оттогаш немаше никакви информации за тоа.
„Пластичната хирургија е одлична ако сакате некаква корекција“, изјави актерката непосредно пред појавувањето на црвениот килим во Кан.
Таа секогаш обожува да зборува за шминки и за тоа како е постојано расположена да пробува нови производи.
„Мислам дека многу жени усвојуваат еден тренд некогаш во животот и истиот не се менува до некои одредени години. Едноставно, забораваме дека можеме да експериментираме. Се сеќавам дека никогаш не сакав да излегувам од дома без маскара кога бев млада, додека сега не ми пречи и ако се појавам без грам шминка“, вели актерката.
Несомнено, многумина ќе кажат дека постои нешто аристократско кај оваа холивудска ѕвезда. Таа ќе каже дека е во прашање држењето, бидејќи смета дека правата половина е клучот за здравото тело.
Кога е во прашање витката фигура со која Хелен и денеска може да се пофали, таа истакнува дека и се допаѓа тоа што работите се промениле и како жените имаат поинаков став во однос на она време кога таа ја започнувала кариерата.
„Сега жените се горди на своето тело без оглед на неговиот облик и јас тоа апсолутно го подржувам“, вели Мирен.
Таа понекогаш сака да оди да вежба, но истакнува дека тоа е повеќе заради психичкото здравје, бидејќи смета дека физичката активност е одлична терапија за умот.
„Одам во теретана, но никогаш не издржувам повеќе од два месеца. Истото е и со диетите, постојано почнувам од почеток“.
Дамите ширум светот се восхитени од младешкиот стил на актерката, а таа ќе каже дека за тоа е заслужна и нејзината работа која е многу динамична и бара таа постојано да се менува и да бара нешто ново. Всушност, за нејзината најнова улога, прекрасната Хелен Мирен ќе ја избричи главата.