Тестирајте го здравјето на вашата коса во три чекори

5 февруари 2014

Ние веруваме дека поради ниските температури во текот на зимата вашата коса дополнително се оштетува, но пред да преземете драстични мерки како кратење на косата и слично, прочитајте го упатството во кое се содржат неколку знаци на предупредување.

Доколку резултатите од овие тестови на вашата коса се катастрофални, тогаш сигурно сте свесни дека нема друго решение освен драстично да ја скратите косата и да и овозможите нов живот.

Натопете неколку влакна во вода

Земете едно, две влакна од косата, но погрижете се тие да бидат посуви. Замотајте ги како топче и ставете ги во чаша вода. Ако топчето потоне за помалку од 30 секунди, неговите кутикули (надворешните делови од влакната), се полни со ситни оштетувања и пукнатини поради што не ја штитат внатрешната структура на влакното. Ако топчето од влакно плута по површината барем минута, можете да бидете спокојни бидејќи вашата коса е совршено здрава.

Растегнете го влакното

Откако ќе ја измиете косата, земете едно мокро влакно и растегнете го на двата краеви. Ако влакното пукне веднаш без воопшто да успеете да го растегнете, тоа е очигледен показател дека на вашата коса и недостатсува еластичност поради што е и подложна на пукање во текот на чешлањето, пеглањето и хемиските процеси како бојадисувањето на косата. Здравата коса ќе се растегне за барем 25 проценти во должина пред да пукне.

Проверете ги новите влакна

Застанете пред огледалото и со светилка почнете да ја осветлувате вашата коса од страните по кон темето. Ако забележите неколку куси влакна како „излегуваат“ од остатокот на косата, бидете сигурни дека тоа е само млада коса и дека воопшто немате потреба да се грижите. Ако кусите влакна се остри, неправилни и ги има многу, тогаш веќе имате причина за грижа бидејќи тоа е показател на оштетена и кршлива коса.

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Убавина