Тилда Свинтон е новото заштитно лице на козметиката NARS

18 октомври 2014

За потребите на новата соработка, на Тилда и беа направени четири фотографии кои го потврдуваат нејзиниот андроген и авангарден стил. Платинестата руса коса е во контраст со црната мрежа која и е смотана околу врат. Шминката е минимална, но доволно впечатлива. Оваа кампања е продолжение на есенската, за која беше ангажирана Шарлот Рампинг.

Коментирајќи ја соработката со козметичкиот бренд NARS, Тилда изјави – „Ми се допадна креативниот директор Франсоа Нарс и неговата визија, па одлучивме да соработуваме. Снимањето беше забавно, исполнето со драги луѓе, опуштено и едноставно“.

Објавено:
18 октомври 2014
Категорија: 
Убавина