Тоник – задолжителен производ за летна нега на кожата

1 јули 2015

11653215_10200537029346287_329497147_n

Познато е дека кремите за сончање го спречуваат создавањето на канцерогени клетки во површинскиот дел на епителот. Токму затоа и се неизбежен дел од летната нега. Ги користиме за да спречиме изгореници, оштетувања на кожата, стареењето, фото-чувствителни болести, алергиски реакции и слично.

Но, покрај кремите, еден од клучните производи за летна нега треба да биде и тоникот. Тој се нанесува пред кремата со заштитен фактор, а со тоа и ќе го зголеми дејството на заштита.

How-to-use-Facial-Toner-After-Cleansing-Your-Face

Влијанието на органската цветна вода од роза и билни матични клетки што се содржат во тоникот ќе направат чуда за вашата кожа. Билните матични клетки се најдобро природно средство за регенерација на кожата. Ја обновуваат и ги штитат матичните клетки на кожата, а со тоа ја штитат и кожата од оштетувања што ги предизвикуваат УВ зраците. Исто така, тоникот со овие состојки во себе го забавува стареењето на кожата.

Тоник што содржи билни матични ќелии користете го пред да ненесете масло, серум или крема за кожа. Идеален е при потребата за моментално освежување и хидратација, како и при чувство на воспаление, црвенило и затегната кожа.

Овој тип на производ нека биде еден од вашите задолжителни за време на летните одмори и користете го заедно со производите што во себе содржат заштитен фактор.

Summer-Skincare

Заедно со тоник, секогаш имајте и хидратантни креми за лице што содржат какао путер, маслиново масло, алое вера, мед, витамин А, витамин Е, бидејќи не само што ќе ја хидрира кожата, туку и ќе ја заштити бидејќи состојките ќе овозможат висока УВ заштита. Ваквиот тип креми нанесувајте ги на лице, врат и деколте, околу половина час пред да се изложите на сонце.

Објавено:
1 јули 2015
Категорија: 
Убавина