Тотално црвена M.A.C. колекција

29 ноември 2014

Според старите верувања, црвената боја носи среќа на новогодишната ноќ, а доколку не носите нути едно парче во оваа боја, M.A.C. се погрижи за блеснете со шминка во посветли и потемни нијанси на црвена боја. Колекцијата Red Red Red е составена од кармини и сјаеви за усни, лакови за нокти, руменила и пудри кои воедно се бронзери и даваат посебен сјај на лицето.

Покрај стандардните нијанси кои се актуелни за празничниот период, како што е златната нијанса, црвената е синоним за моќна и сензуална заводничка, која е сигурна во својата појава. Токму затоа, козметичкиот бренд одлучи оваа боја да ја искористи како синоним за новата колекција шминки, со која дефинитивно ќе оставите уникатен впечаток, а во продажба ќе биде пуштена во декември, на продажни места ширум светот.

Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Убавина