Иако утринската рутина кај секој е различна, речиси сите сакаме да го почнеме денот со мирисни и вкусни напитоци.
Додека некој смета дека не може да се разбуди без кафе, некои преферираат какао или пак вкусен и здрав чај.
Тоа е една навистина здрава опција која не само што ќе му годи на вашиот организам и кожата, туку и ќе ви ја даде потребната енергија за денот.
Денеска издвојуваме три фантастични чаја за утринска детоксикација на организмот и за вистинско уживање во првите минути од денот.
#Чај со цимет
Циметот е вториот најмоќен антиоксиданс на светот. Помага во намалувањето на тежината, како и намалувањето на масните наслаги. Тој е одличен и ако го додадете во вашите омилени чаеви.
Рецепт:
Зелен чај
Една лажица цимет
Сок од лимон
Мед
#Чај со ѓумбир
Овој чај е супер избор ако чувствувате мачнини и имате проблеми со желудникот, но исто така, ќе ви ја даде сета енергија и ќе го ревитализира целото тело. Ги смирува болките, го регулира нивото на шеќер во крвта поради што е одлична замена за кофеинот што ви е потребен наутро.
Рецепт
Зелен чај
Сок од лимон
Една лажичка ѓумбир
Мед
#Чај со куркума
Одличен е за сјајна кожа, ја подобрува функцијата на црниот дроб и намалува секаков вид воспалувања.
Рецепт:
¼ лажица куркума
¼ лажица ѓумбир во прав
Две шолји вода
Една лажица мед