Три начини како да се нашминкате со сјај за усни

30 јуни 2016

Веројатно досега многупати сте користеле сјај за усни и сте го нанесувале токму таму – на усните, но ова лето, тој има и неколку други примени.

Имено, сјајот за усни може да биде совршена замена и за руменило за образите, но може да го користите и како сенка која ќе блесне на вашите очи.

Токму со него, ќе го добиете оној природен изглед по кој сите девојки лудуваат оваа летна сезона.

Иако навидум изгледа многу лесно, за да се постигне совршениот ефект на no makeup, потребно е доста време и внимателна работа за лицето да изгледа ултра свежо и одморено.

Она што особено нѝ се допаѓа кај овој тренд е тоа што на лицето се чини дека нема воопшто шминка, дури ни маскара за очи, но за некоја свечена пригода, изгледот можете да го „зачините“ со кармин во некоја јака боја.

Познатите шминкери говорат за тоа дека ова ќе биде најпосакуваниот тренд за оваа сезона, а ние целосно се согласуваме со нив!

Во видеото погоре, погледнете како да го постигнете овој прекрасен ефект на no makeup и секако, како да го употребите сјајот за усни на повеќе начини.

Објавено:
30 јуни 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
938 пати