Супер производи од Seventeen како подарок за Денот на жената

7 март 2016

Во пресрет на Денот на жената, Seventeen нѝ нуди три одлични козметички производи што се совршени за природниот изглед што сите сакаме да го постигнеме оваа пролет.

Станува збор за Natural Velvet, течната пудра со совршена кремаста структура, The Stylist маскарата за истакнување на трепките и Silky transparent камената пудра со свиленкаста структура за совршен финиш.

-Natural Velvet течна пудра

Natural Velvet Longlasting Matte Foundation: Пудрата има течна, кремаста структура која лесно се нанесува и го прави лицето кадифено мазно и меко. Содржи витамини А , Е и Ф и полисахариди за обновување и хидратација на кожата како и за заштита од појава на брчки. Изработена е според најнова технологија, без додаток на масла, погодна за сите типови на кожа. Содржи СПФ 20 за заштита на лицето од штетните сончеви зраци. Се нанесува многу лесно и со неа ќе добиете совршен природен изглед кој ќе остане на вашето лице преку целиот ден.



-The Stylist маскара

The Stylist е идеална маскара за истакнување на вашите трепкит. Совршен баланс на волумен, должина и густина за долги и убаво обликувани трепки. Содржи специјални состојки за нега и заштита на трепките, а е долготрајна и не создава згрутчување.

- Silky transparent камена пудра

Транспарентната камена пудра Natural Silky Transparent Compact Powder со свиленкаста структура му дава природен, мат ефект на вашето лице. Ги апсорбира маснотиите од лицето и го прави истото мазно, нежно и со мат ефект. Содржи витамин Е и алое вера за екстра хидратација на лицето. Има СПФ 15 за заштита од штетните сончеви зраци. Не содржи масла, парфем и парабени.

Доколку сѐ уште не се одлучивте што ќе и подарите на вашата сакана за Денот на жената, тогаш овие производи од Seventeen се одличен избор во секое време!

Сите нивни останати одлични производи можете да ги погледнете на следниот линк.

Објавено:
7 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.406 пати