Во екот на пролетната сезона (без разлика на температурите надвор), конечно е време да се ослободиме од темните нијанси на шминка и целосно да се преориентираме кон оние светлите.
Со шармантните пастелни трендови кај облеката на кои веќе им посакавме добредојде, во пакет одат и совршените нијанси на шминка во розова, крем и уште многу други светли нијанси.
Професионалниот мејк – ап артист на Барбери, Венди Роу чекор по чекор ни ги открива тајните на пролетната шминка што брендот веќе ја презентираше на писта.
Она што таа го користи е квалитетна пудра и коректор во неколку нијанси кои се и впрочем најважни како подлога.
Откако ќе заврши со основното контурирање на лицето на прекрасната манекенка, таа ќе употреби и малку сенка во крем и потемна нијанса за уште поприроден изглед на лицето.
Со оглед на тоа што е пролет, таа користи и неодолива розова нијанса на руменило едноставно нанесено на јаболчниците.
Како што и самата ќе каже, најголем акцент кај шминката на девојките на писта, беше ставен на прекрасните нијанси на кармините од брендот, а во случајов таа употреби неверојатна црвена нијанса.
На крајот, таа доби еден соврше, пролетен изглед кон кој секоја девојка треба да се стреми оваа сезона.
Погледнете!