Убава кожа во согласност со крвната група

13 јуни 2013

Крвна група А

Личностите со крвна група А треба да внесуваат во исхраната повеќе житарици, а месото не им одговара бидејќи имаат помала способност за апсорбирање на маснотиите, за разлика од припадниците на другите крвни групи. Овие личности треба да јадат повеќе зеленчук, помалку месо, тие не се потат често дури и во текот на летниот период и кожата не им сјае. На лицето имаат мал број пори, па не се препорачува да користат голем број козметички препарати за да не ги запушат порите.

Нега – Користете маслиново масло и сите видови козметички препарати на оваа база бидејќи препаратите кои се полни со хемикалии се штетни за кожата. Витамините од маслиновото масло ја негуваат и хидратираат кожата. Особено се препорачува прочистеното масло кое ќе ја направи кожата мека.

Шминка – Личносгите треба да користат лесни базни пудри бидејќи целта е да ги прекријат малите недостатици и да ја истакнат природната боја на кожата. Жените со крвна група А имаат мал број пори, па доколку имаат темна и безживотна кожа треба да користат пудри кои имаат ефект на природен сјај.  Ако сте задоволни од тенот употребувајте светли нијанси на пудра и од сенките за очи исто така се препорачуваат посветлите нијанси.

Крвна група Б

Личностите кои се припадници на оваа крвна група  имаат чувствителна кожа, епидермот им е потенок, но затоа пак во споредба со другите крвни групи полесно апсорбираат различни видови храна.

Нега – Метаболизамот им е побрз, па и кожата побрзо им се мрси. Им се препорачуваат нежно кисели сретства за чистење бидејќи пе – ха вредноста кај нив е во распон од 4, 8 до 5, 6. Треба да избегнуваат миризливи сапуни, поради чувствителноста им се препорачува благ пилинг, но не околу пределот на ноздрите. При масажа на вратот треба да прават движења од горе надоле за да го изедначат тонусот на кожата.

Шминка -  Стручњаците за боја, припадниците на оваа крвна група ги сметаат за „златни луѓе”. Им одговараат нијанси на пудра и руменила во боја на старо злато и смеѓи нијанси. Подлога треба да користат во посветла варијанта, па потоа да нанесат пудра во прав која на лицето ќе и даде златест сјај. Бојата на руменилото може да се движи од темно розова до златна  и бронзена. Истите нијанси се однесуваат на сенките за очи со вклучување на топлите бои и се препорачуваат римели кои ќе ги издолжат трепките и ќе ги направат погусти. Едно истражување покажало дека жените кои имаат крвна група Б најмалку време трошат на шминкањето бидејќи се немирни и динамични. Па доколку сакате софистицирана шминка, треба да го успорите темпото.

Крвна група АБ

Добра вест за припадниците на оваа крвна група е тоа што имаат голема способност за прилагодување на различни услови, па и на зголемено сончево зрачење. Лошата вест е што кај нив кожата најрано почнува да старее.

Нега – Луѓето со оваа крвна група треба да користат козметички препарати исклучително на природна база и по можност оние кои може дома сами да ги направат. Лицето најдобро би било да го мијат со вода која претходно ја вриеле. Во однос на домашните сретства за нега, добро би било еднаш неделно на лицето да ставаат маска од белки од јајца, да ја држат најмногу две минути пред да се стврдне и да ја отстранат за да не ја исуши кожата. Белките им помагаат на црвените крвни зрнца подобро да апсорбираат кислород.

Шминка -  Личностите со крвна група АБ имаат проблем со циркулацијата, па поради тоа лицето им е бледо. Тоа може да го поправат со ставање на добра подлога и коректор, кој ќе ги прекрие сите недостатоци на кожата. Пудрата треба да биде како нијансата на тенот или една нијанса потемен. Доколку имате акни, коректорот нанесувајте го со прсти, а доколку имате воспалени мозолчиња, избегнувајте коректор за да не настане поголема инфекција. Остатокот од шминката треба да биде во природни нијанси и поблаги тонови.

Крвна група 0

Стручните лица  за крв сметаат дека ова е најстарата крвна група, а нејзините припадници јадат поголема количина месо и друга високо протеинска храна. Но, поради внесувањето на големи колични месо, порите им се поголеми, често се потат и нивната кожа лошо реагира на сончевите зраци. Во споредба со припадниците на другите крвни групи, тие имаат најсува кожа.

Нега – Припадниците на оваа крвна група треба да избегнуваат пенливи сретсва за чистење и да користат козметички препарати со заштитен фактор и тоа не само во текот на летото. При миењето, добро би било да го измасираат лицето. На овие личности сонот им е најважен. Треба да спијат 8 часа во текот на ноќта за кожата да има доволно време да се обнови, а добро би било да дремнуваат и во попладневните часови, но најмноги еден час бидејќи долгиот сон ќе придонесе да им е потребно подолго време за приспособување на амбиентот по будењето, а тука е и истоштениот изглед.

Шминка – Овие личности имаат јака градба и изразени црти на лицето, па се препорачува посебно да се нагласат при шминкањето.  Жените со крвна група нулта, може слободно да експериментираат со потемните нијанси, а нанесувањето на пудра на лицето само повеќе ќе го истакне нивниот сјај. Поради јасните црти може да користат сенки во различни нијанси кои ќе дадат поголема длабочина во погледот.  Благодарение на таквиот изглед, овие личности немаат потреба од посебно нагласување на јаболчниците или пак често користење на руменило.

Објавено:
13 јуни 2013
Категорија: 
Убавина