#вежбајдома: Наскоро нова онлајн платформа за вежбање во домашни услови
•
23 март 2020
Наскоро ќе започне да функцонира нова онлајн платформа „ВежбајДома" која ќе ви овозможи да вежбате во домашни услови.
Преку оваа платформа ќе ви биде обезбедено реализирање на рекреативни часови со помош на фитнес инструктор директно во вашиот дом, преку стриминг во живо.
Особено овој перод, кога можностите за физичко движење се редуцирани, ваков начин на рекреација е добредојден со цел одржување на добрата физичка кондиција. Доколку имате можност, останете дома во текот на периодот додека траат вонредните околности и истовремено останете физички активни и здрави.
Тековните информации за оваа онлајн платформа може да ги следите на профилот @Vezbajdoma на фејсбук.