Ви ја откриваме тајната како максимално да уживате во миризливите купки на Lush

24 октомври 2019

Шумливите и пенливи купки на популарниот бренд за природна козметика Lush се едни од нивните најпродавани и омилени производи. 

Од брендот ќе кажат дека многу од нивните нови клиенти сакаат да дознаат кој е правилниот начин на користење на овие неверојатно миризливи купки, па токму тие ви ја откриваат тајната. 

Шумливи купки (Bath bombs) 

Овие т.н „бомби“ се можеби заштитниот знак на Lush. Многу сме среќни кога ќе се соберат дечиња околу нашата демо станица и возбудливо гледаат во садот во кој пуштаме шумлива купка да се раствара и ги испушта нејзините нијанси и мириси. Шумливите купки најчесто се во кружна форма. Начин на употреба: се пуштаат во веќе наполнета када каде што почнуваат да шумат како шумлива таблетка и се за една употреба. Можат да бидат еднобојни, во две нијанси, но некогаш имаат и до шест бои. Освен боите, овие купки се разликуваат и по степенот на хидратација. Некои содржат повеќе масла и путери, доколку и е потребен целосен третман и хидратација на кожата. Се разликуваат по многубројните состојки во нив и затоа нивните мириси можат да бидат: свежи, цветни, благи, цитрусни и слично. Одлични се како арома терапија, опуштање и замена на скапи третмани. Како најшарени би ги издвоиле:

Intergalactic

Experimenter

Groovy Kind of Love

Хидратантни со многу масла и путери...

Butterball

Goddess Bomb

Over And Over

Пенливи купки (Bubble Bars) 

Самото име на овие купки кажува дека најкарактеристична нивна особина е пената. 

Се разликуваат по големината и начинот на кој прават пена. Помалите пенливи купки се за една употреба, се дробат и се пуштаат под силен млаз на вода. Многу е битно кога потенцираме силен млаз, бидејќи на тој начин се создава многу пена. Такви се...

Creamy Candy

A French Kiss

Поголемите пенливи купки можат да се поделат на два или повеќе делови, зависи од нивната големина. Процедурата на употреба е иста како и оние за една употреба. Такви се...

Brightside

The Comforter

Reusable bubble bars се оние купки кои ги ставаме под силен млаз на вода, ги држиме додека кадата се наполни со посакуваната пена  и потоа ги ставаме да се исушат. Се употребуваат повеќе пати. Пример за тоа се...

Bubble Spiner

Pink Petitgrain spiner

Mаслени купки 

Начин на употреба: се пуштаат во веќе наполнета када и се за една употреба. Кога се работи за луксузно капење, нема компромис! Нашите маслени купки ви овозможуваат волшебно искуство за оние моменти кога навистина сакате да ги трансформирате вашите ум и тело. Декадентните путери и мноштвото од есенцијални масла се растопуваат во водата, а потоа на вашата кожа за екстремно омекнувачка и миризлива авантура. Најчесто се појавуваат во ограничени количини и често се менуваат, никогаш не се исти. Моментално достапни се: Ceridwen's Cauldron, Retro Tree и...

Cinnamon Orange

*Комерцијален текст 

Објавено:
24 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
483 пати