Сезоната на вечерни фустани веќе ни пристигна, а девојките кои обожаваат да носат парчиња што им го истакнуваат деколтето сигурно ќе ги интересира како со помош на малку шминка да го зголемат истото.
Она што ви е потребно е само малку бронзер и коректор и една голема, мека четкичка. Да почнеме.
1. На видливите делови од деколтето со четката нанесете малку од бронзерот во облик на полумесечина.
2. Вишокот бронзер отстранете го со голема четкичка или пак памук за резултатот да биде што е можно поприроден.
3. На клучната коска нанесете малку коректор или прав со светки (но, внимавајте да не претерате).
4. Малку коректор нанесете и на градите и добро натапкајте го со прстите.
5. Погледнете како изгледа деколтето на силно светло и се она што ви е вишок, внимателно отстранете го со мека четкичка.
Уживајте во новогодишната ноќ!