Косата се обновува и расте, но често повеќето имаат проблеми што константно ги следат, иако се практикува употребата на ревитализирачки маски, ампули, регенератори и серуми, но косата не покажува подобрување, раст и знаци на сјајност, а вие останувате незадоволни. Каде е проблемот? Според експертот Елизабета Филис од една американска клинкика, проблемите со косата не треба да ги гледаме како надворешна манифестација, нестабилниот внатрешен баланс на организмот е главниот причинител за сите негативни последици при растот, сјајот и оштетувањето на влакното. Филис вели дека косата е барометар на вашето здравје, а прескокнувањето на појадокот, значи сериозно лоши вести за квалитетот на влакното.
Вашето тело т најмногу треба да прима хранливи состојки откако организмот ќе се активира наутро. Тогаш треба да внесувате протеини и јаглени хидрати кои освен што ќе го забрзаат растот ќе допринесат и за сјај на косата. Значи, појадокот никогаш не се прескокнува, овошјето треба да ви биде на прво место, ако сакате здрава и квалитетна коса. Решенијата никогаш не ги барајте во препаратите, зашто вие сте главниот фактор што може да ги реши проблемите со косата. Елизабета објаснува дека не е лошо да се биде вегетаријанец , но преку ваквата исхрана организмот не ги прима сите потребни хранливи состојки и автоматски косата опаѓа.
Затоа уште еднаш размислете дека протеините сепак му се потребни на вашето тело.Тие играат важна улога во многу телесни функции, вклучувајќи го растот и развитокот.