Во тренд е ниско врзано опавче
•
28 декември 2013
Оваа фризура најмногу ќе им одговара на девојките со долга или средна должина на косата, а ефектот ќе биде поголем доколку ставите интересни додатоци со кои ќе го збогатите изгледот. Опавчето може да го носите различно во зависност од тоа дали се работи за дневна или вечерна варијанта.
За денска фризерите препорачуваат опавчето да не биде толку затегнато и да се извлечат неколку праменчиња од страна со кои би се постигнал кежуал изглед. а за вечерен изглед се препорачува стегнато опавче на кое може да додадете аксесоар за да изгледате поелегантно. Исто така нема да згрешите доколку опавчето го врзете на страна што е добар избор за опуштени и свечени прилики.