Време е за поствелигденска детоксикација

22 април 2014

o-DETOX-facebook

За време на Велигденските празници, сите си дозволивме да се опуштиме и да пробаме од омилените, вкусни јадења. Затоа, сега е вистиснко време за детоксикација на организмот.

За почеток, намалете со внесување белковини, особено месо, а печеното месо и пржената храна заменете ги со многу овошје и зеленчук. Тешките оброци сега заменете ги со лесни што можете да ги приготвите од зеленчук.

Green-vegetables

Така, храната нека се базира на едноставно зготвени оброци, со што помалку сол и зачини, а салатте зачинете ги со лимунов сок и маслиново масло.

Соковите од свеж рендан или пасиран зеленчук, топлите супи исто така од зеленчук, како и оној сверениот се идеално решение за чстење на организмот..

detoxuskrs1

Зелениот зеленчук како брокула, целер, блитва, спанаќ, марула... ќе помогнат да ја вратиме енергијата во организмот. Една детоксикација станува уште поуспешна доколку се внесува доволно количество на течност. Се препорачува околу три литри дневно во облик на супи, сокови и чаеви. Како одлични антиоксиданси се препорачуваат ѓумбир и коприва, а една чаша чај дневно, го прочистува целиот организам.

06spinach_gl_3aug10_iStock

На овој начин ќе го дочекате летото подготвени и задоволни.

Detox-from-Shutterstock

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Убавина