Можеби најчесто фокусот го ставаме на ноктите на рацете, но грижата за нашите стапала е подеднакво важен чекор во рутината за убавина.
А за време на жешките летни денови кога најчесто нозете ни се во влечки или сандали, покрај тоа што ни е важно да го одржуваме здравјето на ноктите на стапалата, сакаме тие да изгледаат добро исто така.
Па, доколку сакате да го освежите изгледот на вашите стапала, ви препорачуваме да зачекорите во ова врело лето со класичен и елегантен бел педикир. Белите нокти на нозете никогаш не изгледаат здодевно, особено доколку имате тен. Истовремено, белата боја совршено се вклопуваат во секаков стил и боја на гардероба.
Следуваат неколку инспиративни примери на бел педикир и бели нокти со деликати дизајни и украси кои ќе го трансформираат вашиот летен стајлинг.
Фото: Pinterest