Жените што некогаш во животот направиле мастектомија за да го намалат ризикот од рак на дојката, собраа храброст и направија неверојатна фотосесија за календар за добротворни цели.
Многу од 25 – те жени што позираа за календарот, некогаш во животот направиле мастектомија се со цел да го отстранат ризикот од генетско заболување од рак на дојката.
Карли Перкинс, 28, е една од жените што се согласија да се соблечат за календарот на добротворната организација за превенција од рак на дојката.
Таа извршила мастектомија за да го превенира појавувањето на ракот на дојка, откако дознала дека на нејзината мајка уште како тинејџерка и бил откриен рак на дојката, а и нејзината тетка починала од истото во нејзините 50 – ти години.
Откако таа била сведок на сето она низ што поминале нејзината мајка и тетка, решила дека таа не го сака тоа за себе, па токму поради тоа направила мастектомија.
„Не сакам мојата ќерка да ме гледа како страдам. Веднаш штом дознав дека и јас го носам генот на мајка ми, не се прашував дали треба да направам мастектомија, туку ја направив истата веднаш“, вели Карли.
Карли добила огромна поддршка од нејзиното семејство низ целиот процес, а по операцијата таа вградила импланти.
Погледнете ја прекрасната фотосесија на овие жени за календарот на добротворната организација.