Еве знаци по кои ќе препознаете дека имате премногу шминка на лицето.
Луѓето не ве препознаваат без шминка
Ако ви се случува луѓето од вашето секојдневие да се запрепастат кога ќе ве видат без шминка, тоа е знак дека треба да размислите... Речиси сите изгледаме поубаво со шминка, но целта не е да станеме непрепознатливи.
Не излегувате од дома без шминка
Не можете да замислите да излезете на улица без шминка? Поголемиот дел од девојките исто размислуваат, но тенка е границата помеѓу љубовта кон шминкањето и опсесијата. Ако се шминкате дури и за теретана, на пример, тогаш под итно опуштете се. Навистина е непотребно толку да се оптеретувате и да покажувате несигурност.
Не се препознавате во огледало
Ова е уште една од најлошите работи што можат да ви се случат и се очигледен знак дека претерувате со шминката. Ако згора на сè се сметате помалку убава без шминка, тогаш имате проблем.
Постојано ја поправате шминката
Ако на секој час одите во тоалет или го вадите огледалцето за да ја поправите шминката, тоа не е добар знак. Не смеете да дозволите самодовербата да ви зависи од количеството шминка на лицето.
Буквално ја чувствувате пудрата на лицето
Претерувањето со шминката подразбира и нанесување на течна и пудра во прав, руменило... Во таквите случаи, тежината на пудрата може буквално да се почувствува на кожата. Земете предвид дека пудрата ги затвора порите и почнете со одвикнување. За почеток нанесувајте макар еден слој помалку.