Зошто dm е необична и успешна компанија

15 февруари 2017

Повеќето од вас имаат dm маркет во својата близина. Или пак, ако немате, тогаш веројатно посакувате да има макар еден за да бидете дел од успешната приказна што овој бренд ја гради.

Познато е дека dm drogerie markt е еден од најголемите, но и најуспешни синџири на дрогерии во Европа. Во Македонија за сега има 11 – девет во Скопје и еден во Тетово и Велес, а тимот најавува дека dm семејството ќе се шири и понатаму.

Идејата да се направи ваков бренд е на Гец Вернер, кој воедно е и сопственик на компанијата, за која се вели и дека е необична.

Се прашувате зошто?

Пред неколку години, Вернер го шокираше светот со одлуката дека се откажува од богатството и севкупниот удел во сопствеништвото го подари на една хуманитарна фондација.

Со тоа основачот на dm потврди дека се придржува до американската изрека дека „не е срамно да станеш богат, срамно е да умреш богат“. Така, ниту едно од седумте деца нема да биде наследник на имотот вреден преку милијарда евра. Но, на децата им овозможи квалитетно образование и со тоа темел самите да станат богати.

Гец Вернер

-Децата имаат право на добар старт во животот, но не и на тоа дека родителите треба да им обезбедат доживотна благосостојба – изјави тогаш Вернер.

Првата дрогерија е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија. После три години е отворена првата dm продавница во Австрија.

Кога ја основа компанијата, Вернер сосема го менува системот на продажба на козметичките и хемиски производи, „претворајќи“ ги дрогериите во мали самопослуги, каде цените се значително пониски, а квалитетот голем.

Вработените во филијалите имаат право, ако сакаат, самите да го одредат асортиманот, а наместо за „персонални трошоци“, во компанијата се зборува за „креативни трошоци“. Во голем број филијали на dm низ Европа се присутни и ученици кои го изучуваат занаетот, а потоа од dm ги праќаат на работилници за да го поттикнат развојот на личноста.

Вернер, кој е професор по претприемништво на Институтот за технологија во Карлсруе, е коавтор на книгата „1.000 евра за секого“. Во делото, тој се залага за тоа секој граѓанин да добива основен приход од 1.000 евра, затоа што тоа придонесува за ослободување на човекот. Сопственикот на dm drogerie markt верува дека неговите идеи еден ден ќе бидат исто така успешни како и неговата компанија.

-Ништо не е моќно како идејата за која е дојден вистинскиот момент – вели тој.

дрогериите некогаш и денес

Но, токму тоа негово почитување на трудот се рефлектира и врз вработените.

Минатата година (четврта од почетокот на работењето) во Македонија, „dm“ продолжува со извонреден двоцифрен раст на прометот, со повеќе од 20%! Забележан е вкупно остварен бруто-промет од 455 милиони МКД, што претставува пораст од 20,5%. На ниво на целата групација, „dm drogerie markt“ во Европа оствари рекорден промет од 9,7 милијарди евра, со развој на прометот од 7% во однос на минатата деловна година, со што докажа дека е водечки синџир на дрогерии на европскиот пазар.

Групацијата „dm drogerie markt“ во Европа во моментов опфаќа 12 европски земји со мрежа од 3.489 продажни објекти и 56.537 вработени. Во новата деловна година, „dm drogerie markt“ е во подготовка за влез и на италијанскиот пазар.

А според резултатите, што освен во бројки се мерат во задоволните клиенти,  Вернер одлично знаел да го препознае вистинскиот момент за dm.

Со понуда од над 13.000 производи во својот асортиман, „dm“ се етаблира како единствена дрогерија на пазарот во Македонија. На пазарот, „dm“ важи за место за пазарување на висококвалитетни производи по поволни цени. Во својот асортиман, нуди повеќе од 3.000 производи од 23 сопствени марки во сегментот на убавина, природна козметика, лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња, па сè до органска храна, како и храна за домашни миленици со исклучителен германски квалитет по најповолни цени. Тоа, „dm drogerie markt“ го позиционира како најголем понудувач на приватна марка во Македонија.

Посебен акцент се става на разновидниот асортиман на повеќе од 400 производи органска храна што „dm drogerie markt“ го вбројува во еден од најголемите понудувачи на органска храна на пазарот во Македонија.

Големиот асортиман на производи, квалитетот и услужливоста на тимот што работи ги прават dm дрогериите избор број еден кај купувачите. Со тоа dm drogerie markt го оправдаа нивниот слоган: „тука сум човек, тука купувам“. И така повеќе од 40 години!

 

*спонзорирана објава

Објавено:
15 февруари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.341 пати