Стареењето е природен процес. Но, лошите навики и животен стил може да влијаат на прераното остарување на нашиот организам, а истовремено и на нашата кожа.
Затоа добро е превентивно да реагираме. Ќе ви посочиме неколку фактори што предвреме ја остаруваат кожата:
-Прекумерно изложување на сонце без соодветна заштита
Изложувањето на сонце предолго, без заштита, придонесува за појавата на брчки и ја намалува еластичноста на кожата. Затоа користете соодветни креми за заштита од сонце или облека со која ќе го превенирате директното негативно влијание.
-Храна полна со шеќери
Стручните лица советуваат да се избегнува храна која содржи многу шеќери или други рафинирани јаглени хидрати бидејќи тие намирници го забрзуваат стареењето на кожата.
-Прекумерена количина алкохол
Алкохолот ја дехидрира кожата и со тоа ни прави лоша услуга, со што кожата изгледа постаро.
-Цигари
Пушењето го предизвикува појавувањето на брчките особено на места каде што кожата е потенка, на пример околу очите или над усните. Причината е тоа што цигарите го намалуваат нивото на Ц витаминот во крвта, што кај пушачите во просек е дури до 60 посто пониско во однос на непушачите.
-Физичка неактивност
Умерените физички вежби може да ја подобрат циркулацијата и да го зајакнат имунитетот.
-Неправилна нега на кожата
Грубото триење при чистењето на кожата на лицето, може да ја иритира а со тоа се забрзува и нејзиното стареење. Со нежно чистење ќе го постигнете посакуваниот ефект на отстранување на нечистотиите од лицето.