Ана Винтур: Бидете она што сте без извинување!
Таа е дефинитивно една од најпочитуваните и можеби најмистериозни жени во модната индустрија со повеќе од 30 годишно искуство зад себе.
Конечно, првата дама на Вог, Ана Винтур, ексклузивно и за прв пат дава совети за тоа како успеала во кариерата, но им овозможува на нејзините обожаватели и да дознаат која е таа приватно.
Сето ова ќе го дознаете благодарение на 12 онлајн мастер часови преку кои таа за прв пат говори за успехот што го доживеала и како да се остане креативен и успешен лидер.
Нејзините часови се достапни преку апликацијата и интернет страната „MasterClass“ и секој може да се претплати и да ги погледнет истите.
„Знам дека многу луѓе сакаат да знаат која сум всушност јас и кој е мојот пристап кон работата. Ова се часови за оние кои сакаат да го разберат мојот принцип и искуствата кои ми помогнаа да станам ефективен лидер“, вака Ана ги опишува часовите за кои очекувано има огромна заинтересираност.
Во текот на видеата ќе дознаете за тоа како таа го организира можеби најголемиот настан во шоу бизнисот, Мет галата, како ги препознава и пронаоѓа младите и нови таленти, како успеа да остане успешен уредник на најголемото модни списание во светот, а дава и супер корисни совети за тоа како секој да успее во кариерата.
Она на што се фокусира е дека најважно од сѐ е да бидете свои во секоја ситуација, без разлика што ќе се случи и секогаш без извинување за она што сте.
Погледнете ја најавата за одличните мастер часови на Ана Винтур.
Инфо и фото: Vogue.com