Блогерката Леандра Медин го има најуникатниот плакар во светот
Во интересните видеа во кои модниот магазин Вог ги прикажува плакарите на влијателните личности од модата, последно можевме да ја видиме блогерката и сопственичка на онлајн сајтот Man Repeller, Леандра Медин.
Како и секогаш, без шминка и фризура, неверојатно спонтана и шармантна, таа го покани тимот на магазинот во нејзиниот стан каде им покажа колку уникатни и интересни парчиња поседува.
Сосема нормално, како и во плакарот на секоја друга дама, чевлите се во изобилие, но и бројните други шик парчиња, како бохо фустанчиња, куси здолништа и панталони, многу ретро кошули и палта, како и бројни модни додатоци по кои таа е и впрочем позната.
За магазинот, таа се пресоблече и во неколку комбинации кои ги посочи како соодветни за одреден тип на денови и расположение, а покажа и една кул комбинација инспирирана од Кери Бредшо која навистина наликуваше на актерката во серијата.
Таа ќе каже дека иако можеби не му се верува на никој, таа и не оди во шопинг толку често и дека не купува парчиња за конкретни пригоди, туку само кога ќе посака и кога ќе биде расположена.
А кога не е расположена, ја носи најколоритната комбинација што може да си ја замислите, а истата ја гледате во продолжение во видеото.