Мила Јовович во новото видео на Џими Чу
Во чест на 20 години јубилеј на познатиот бренд Џими Чу, фотографот Крег Мекдин снимаше посебна кампања за колекцијата чевли и чанти за есен-зима 2016/17.
Хероините во видео рекламната кампања се убавиците Мила Јовович, Саша Пивоварова, Амбер Валета, Леки Болинг, Тејлор Хил и Јасмин Тукес.
Оваа кампања следува по инвентивната презентација на ресорт колекцијата за 2017 година, која беше организирана како луксузен банкет каде наместо храна, беа сервирани новите гламурозни модели.
Инаку компанијата Џими Чу е основана во 1996 година од страна на поранешната уредничка на американскиот Вог, Тамара Мелон, а актуелен креативен директор на брендот е Сандра Чои.
Објавено:
13 септември 2016Прегледно:
439 пати