Објавен првиот трејлер за Barbie

Трејлерот за долго очекуваниот филм Barbie е конечно тука. Филмот, во кој главната улога ја игра прекрасната Марго Роби, првично беше најавен пред две години.

Роби, која за прв пат се прослави пред 10 години, преку филмот Wolf of Wall-Street, ќе се обиде да ја оживее култната барбика на еден комичен начин.

Покрај Марго во филмот ќе ги видиме и Рајан Гослинг како Кен, Америка Ферера, Вил Фарел и Кејт Мекинон.
Режисерка на Barbie е актерката Грета Гервиг, а сценариото е на нејзиниот сопруг режисерот Ноа Баумбах.

Објавено:
5 април 2023
Прегледно:
291 пати