Пинк тотално се „изгуби“ кога го запозна Џони Деп!

Таа е можеби една од најмоќните и најсилните жени во поп музиката, но кога станува збор за нејзината долгогодишна „љубов“ Џони Деп, Пинк тотално се изгуби во шоуто на Џими Кимел.

Како што таа ќе каже, тој и Мајкл Китон се двајцата мажи на кои таа целиот живот им се восхитува и ги обожава долги години.

Кимел ѝ направи одлично изненадување кога во неговото шоу во кое таа беше гостинка, го повика неверојатно шармантниот Џони Деп по што пејачката тотално се изгуби.

На големо воодушевување и на публиката, актерот ја поздрави пејачката која беше видно засрамена, но и го бакна водителот на што целата публика стана на нозе да го поздрави.

Погледнете го видеото во кое Пинк е сѐ она што би биле ние кога би го запознале единствениот Џони Деп!

Објавено:
25 мај 2016
Прегледно:
4.675 пати