(Видео) Божиќната реклама на Дизни допира до емоциите на публиката
Дизни ја отвори сезоната на Божиќни реклами со една исклучително емотивна приказна.
Во претпразничниот пакет неизбежни се и божиќните реклами на брендовите и продукциите, а Дизни секоја година успева да се надмине во својата креативност да ја пренесе позитивната порака во духот на празниците.
Годинешната реклама всушност е триминутен анимиран филм кој е продолжение на божиќните анимирани филмови од 2020 и 2021 година, а раскажува една топла семејна приказна која допира до емоциите на публиката.
Погледнете и уживајте.
Објавено:
3 ноември 2022Прегледно:
2.091 пати