Видео: Елена и Панчо објавија спот за нивната дуетска песна „Како да се радувам“
Елена Ристеска и Панчо од ДНК го објавија видео записот за нивната заедничка песна „Како да се радувам".
Спотот го режираше Бане Поповиќ од „Томато продукција", а во него покрај Панчо и Елена се појавуваат и македонскиот модел Симона Станковска, српската манекенка Марија Марковиќ и Зоки-Свила.
- Песната „Како да се радувам" е една од новите песни која се наоѓа на мојот последен албум и по неговата промоција веќе ми беше јасно дека мора да се снимиме спот за неа. Се надевам дека публиката ќе ужива, а впрочем ова е и мој подарок по повод денот на жената 8ми март, вели Елена.
Панчо од ДНК зад себе има веќе неколку соработки со познати музички имиња, а последната е токму за „Како да се радувам" со Елена.
- Со Елена многупати сме разговарале за соработка и конечно се случи. Јас уживав во снимањето на песната, а исто така и додека го снимавме спотот. Нека биде исто така оваа песна и спот подарок од мене за сите припаднички на понежниот пол - изјави Панчо.
Тимот кој ја заокружи визуелната приказна на спотот го сочинуваат: Даниел Николовски, Мила Кадриу и „Фешн Груп".