Видео: Како да стилизирате фустан за зимска венчавка
Венчавките во зима може да бидат вистински предизвик за гостинките на свеченоста во однос на прашањето: што да облечам?
Прво треба да изгледате соодветно за таква свечена пригода, но од друга страна секако треба да ви биде и удобно и топло.
Во овој случај секогаш може да се повикате на аксесоарите изработени од вештачко крзно што истовремено ќе ве стоплат, а ќе придонесат и за естетиката на вашиот свечен аутфит.
Во видеото погоре што го објави магазинот Гламур, ви посочуваме неколку интересни варијанти кои ќе ви помогнат да го стилизирате вашиот изглед доколку сте гостинка на свадба во овој зимски период.
Објавено:
16 декември 2016Прегледно:
1.371 пати