Видео: Петте клучни локации во историјата на Шанел

Серијалот од девет кратки филмови „Inside Chanel“ реализирани во 2013 година, на еден динамичен начин ја прикажуваат историјата на престижниот француски бренд Шанел и на самата Коко. Целиот серијал е возбудлива авантура низ клучните моменти од минатото и сегашноста на иконската модна куќа. Направена е фантастична паралела помеѓу почетоците, периодот кога Коко ја уживала најголемата слава и продолжување на нејзиното дело со потписот на Карл Лагерфелд.

Во еден од нив се потенцирани петте најзначајни локации во Париз кои се поврзуваат со историјата на модната куќа: адресата на првата продавница на Коко Шанел, нејзиниот апартман, луксузниот хотел The Ritz, плоштадот Vendôme и фамозниот комплекс Grand Palais.

Во видеото правиме модна тура низ Париз.

Објавено:
26 февруари 2015