Видео: Пријателите и Елена Лука за кампањата „На буквата, на буквата“

Потсетување на едно убаво минато време, кое наместо носталгија треба да побуди само убави спомени, е темата на новата кампања на модната куќа Елена Лука насловена „На буквата, на буквата...“.

Се работи за ексклузивна линија на маички со оригинални, брендирани принтови. Памучните маички се изработени во четири бои: бела, сива, зелена и сина и истите носат три различнии, уникатни слогани:

„На буквата, на буквата…“, „It’s not t-shirt, it;s Elena Luka“ и „Elena Luka is a lady’s best friend“.

Како што посочуваат од Елена Лука,  ретро приказната треба да ги разбуди убавите спомени од детството во деведесеттите, но во една сосема модернизирана и уникатна верзија на маички кои веќе се пуштени во продажба во салонот на Елена Лука во Skopje City Mall,  по промотивна цена од 499 денари.

За таа цел е изработено интересно и забавно видео во кое соработниците и пријателите на модната куќа со задоволство ги носат најновите маички и Ве уверуваат дека истите ќе се вклопат и во Вашето секојдневие, а истовремено ќе Ви овозможат модерно и комфорно лето.

Објавено:
5 август 2014