Водата е светост.
Водата е лек.
Водата е живот.
Денешниот ден - 22 Март го славиме СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА.
Зошто е значаен овој ден во годината?
Пред сѐ затоа што без вода нема живот.
22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата.
Основен фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG): вода и санитација за сите до 2030-та година.
Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.
Затоа, Светскиот ден на водата треба да нѐ потсети за нејзиното есенцијално значење и како секој од нас има своја улога во рационално користење на водата.
Термоминералната вода на бања Банско – лек докажан низ вековите
Традицијата на лекување во хидротермалниот медицински центар Цар Самуил, бања Банско, се заснова на благотворните дејства на термоминералните води кои се од есенцијално значење во процесот на физикална рехабилитација.
Термалната вода која извира од срцето на Беласица, е ЕЛИКСИР на животот, со лековити својства докажани низ вековите.
Нејзината лековита моќ ја препознале уште Старите Римјани и оттогаш термоминералните извори на бања Банско стануваат синоним за бањска рехабилитација.
Во областа на центарот има 5 природни извори на термална топла вода. Најголемиот е на само 50 метри и го носи името Парило. Капацитетот на Парило е 42 литри во секунда, а температурата на водата е 72°C (термоминерална вода со највисока температура во нашата земја).
Денес, во модернизирани услови и со примена на најнови револуционерни уреди, во Цар Самуил ја користат лековитата вода на бања Банско, со единствен – уникатен состав, за успешно третирање на низа болести и подобрување на квалитетот на живот на нивните гости.
Во моментов нудат услуги во два терапевтски базени исполнети со реквизити за топла термална вода за хидрокинезиски вежби, подводни патеки за пешачење, подводни велосипеди....
Третиот и најголем базен, кој исто така е полуолимписки, моментално е во изградба и реконструкција на која интензивно се работи. Има рекреативна намена и ќе биде збогатена со спа-простор опремен со неколку сауни, ладно пливање, солена соба...
На своите гости, Цар Самуил им нуди и балнео третмани во комплетно реновиран балнеотераписки дел опремен со вкупно 8 кади кои нудат различни видови на хидро третмани како масажа под вода, хидрогалвански струи и различни видови термални бањи.
ЕЛИКСИР на животот – термоминералната лековита ВОДА на бања Банско.
Закажете го вашиот термин:
Tel: 034 377 210
Mob: 072 211 011
Mob: 071 245 594
e-mail: contact@carsamuil.com
www.carsamuil.com
Или пишете порака на профилите на Инстаграм или Фејсбук.