ЦАР САМУИЛ: 6 ексклузивни кинезитерапија пакети за корекција на сколиоза и/или кифоза

22 септември 2022

Сколиозата претставува искривување на 'рбетниот столб и истовремено е еден од најчестите деформитети на 'рбетот.

Од многубројните коскено-мускулни деформитети, денес најголемо значење се придава на сколиозата, која претставува отстапување од нормалната (физиолошка) закривеност на 'рбетниот столб.

Станува збор за странична закривеност со ротација на пршлените по надолжната оска, односно 'рбетниот столб е абнормално искривен на страна, во облик на буквите Ѕ или С.

Здрав 'рбет гледан однапред или одзади е прав. При појава на сколиоза се забележува странично искривување на 'рбетот на десно или на лево.

Освен визуелно т.е со голо око, конечната дијагноза се поставува со помош на направена РТГ снимка во консултација со лекар ортопед или физијатар.

Тој ќе го измери искривувањето на 'рбетот во степени, а за искривување – сколиоза се сметаат сите отстапувања кои се поголеми од 10 степени.

Хидротермалниот медицински центар „ЦАР САМУЛ", на своите корисници и пациенти со сколиоза им нуди најсовремени услови за кинезитерапија која ја спроведуваат високостручни медицински експерти од областа.

Со цел да обезбеди сеопфатен и квалитетен третман, тимот на „ЦАР САМУИЛ" подготви шест ексклузивни кинезитерапија пакети за корекција на сколиоза и/или кифоза, со или без хидротерапија (базен).

Сите пакети содржат:

-специјалистички преглед
-контролен преглед
-вежби
-работа со физиотерапевт по личен избор
-гратис респираторни вежби

Битно е да се напомене дека секој облик на СКОЛИОЗА е склон кон влошување. Се работи за комплексен деформитет чие лекување е долготрајно. Затоа, раната детекција е клучна за обезбедување навремена и неинвазивна корекција, која може да спречи многу посериозни компликации, па дури и хируршки зафати.

Лекувањето на СКОЛИОЗИТЕ зависи од возраста, степенот на закривеност, па се користат конзервативни методи (вежби и корективни ортози), или хируршки зафат кај најтешките облици.

Закажете го вашиот термин во хидротермалниот медицински центар „ЦАР САМУИЛ" на:
+389 72 211 011
contact@carsamuil.com

Со почит кон традицијата. Во чекор со модерното. Со помош на природата. Во служба на медицината.

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
707 пати