„Цар Самуил“ домаќин на првиот стручен состанок на Здружението на физијатри на Македонија оваа година

27 март 2023

Здружението на физијатри на Македонија својот прв стручен состанок за оваа година, го одржа на 17. март во хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил", бања Банско – акредитиран настан каде покрај стручните излагања на темата: Физикална терапија и рехабилитација на мекоткивни повреди на шака, беа презентирани и квалитетите на термалната изворска вода, како и новите содржини за рехабилитација и третман во нашиот хидроптермален медицински центар.

 

Настанот со воведен говор го отвори проф.д-р. Валентина Коевска, Претседател на здружението, а потоа свои презентации имаа и: асс. д-р. Бисера Николовска, др.мед.сци. Универзитетска клиника за Пластична и рекоструктивна хирургија, д-р Емилија Куцуловска-Цветковска, спец. физијатар, ГОБ 8ми Септември – Скопје и како домаќин на настанот, д-р Лилјана Ѓоргиева, спец. физијатар, Хидротермален медицински центар „Цар Самуил" – Бања Банско.

По завршувањето на првиот дел од програмата, сите учесници на настанот имаа прилика организирано да ги посетат реновираните и новите простории со новите содржини на хидротермалниот медицински центар Цар Самуил, вклучително и просториите за ексклузивни третмани со примена на најиновативна технологија.

Значењето на бањското лекување и новите содржини на „Цар Самуил" во процесот на рехабилитација

-Најпрвин сакам да го изразам задоволството, што првиот стручен состанок оваа година на Здружението на физијатри на Македонија, го реализираме во оваа прекрасна бања, Цар Самуил, бања Банско.
Ова е исклучително значајна бања пред се поради уникатниот, минерален состав на водата, како единствена на овие простори. Пациентите тука може да си препуштат квалитетно лекување во однос на сите заболувања кои што може да се третираат со физикалната терапија. Значи се мисли пред сѐ на ортопедски, трауматолошки заболувања, невролошки заболувања и секако ревматолошки заболувања, изјави проф.д-р.Валентина Коевска, Претседател на Македонското здружение на физијатри.

 проф.д-р.Валентина Коевска, Претседател на Македонското здружение на физијатри

Проф.д-р Коевска го потенцираше и историското значење на бањата, како една од најстарите форми на лекување која благодарение на својата ефективност, останува атрактивна до ден денес.

-Секако дека бањското лекување е еден од честите избори на пациентите во процесот на рехабилитација, а воедно бањите се и најстарите лекувалишта гледано и историски што укажува на нивната ефикасност низ времето. Бањата нуди можност за лекување, каде што пациентот истовремено ќе се чувствува и релаксирано, кога веќе го практикува оној момент на дијагностика и терапија, а истовремено и место каде што може да си ја подобри својата функционална способност, додава проф.д-р Коевска.

Д-р Лилјана Ѓоргиева, спец. Физијатар од Хидротермален медицински центар „Цар Самуил" – Бања Банско, го потенцираше и значењето на модернизацијата и новите содржини во комплексот, со цел да се обезбеди што поквалитетна услуга со светски стандард.

-Со новите содржини имплементирани во концептот на работа на „Цар Самуил", навистина се овозможува еден широк дијапазон на квалитетни услуги. Тука би можела да издвојам како едни од најбараните се услугите и третманите со апаратот Indiba Activ CT9 или радиофрекфентната терапија. Сите содржини кои ги нуди бањата имаат значаен удел за едно квалитетно бањско лекување. Почнувајќи од терапијата и новитетите што ги имаме, меѓутоа и балнео и хидро делот, каде што се наоѓаат и базените за рехабилитација, за хидрокинези терапија, кадите за хидро терапија, посебните кади кои што ги користат пациенти за кои не е препорачливо да го користат базенот, поединечните купки, сите овие се значајни сегменти кои придонесуваат за врвна услуга за нашите клиенти. Ние секогаш целиме кон тоа пациентите што ќе дојдат во нашата установа, комплетно да бидат задоволни од секој сегмент.

 Д-р Лилјана Ѓоргиева, спец. Физијатар од Хидротермален медицински центар „Цар Самуил"

Асс. д-р. Бисера Николовска, др.мед.сци. од Универзитетска клиника за Пластична и рекоструктивна хирургија, даде акцент на тоа дека во целата процедура на лекување на пациентите, важен е не само оперативниот третман туку и рехабилитацијата која потоа следува.

-Она што е значајно да се спомене е дека во целиот процес на лекување на пациентите, се става акцент не само на оперативниот третман, туку секако и на постоперативната рехабилитација која вклучува физикална терапија, бањско лекување и сите облици на терапија која што може да допринесе за подобрување на состојбата на пациентот. Секако бањското лекување, уште од најраните времиња било признаено како тип на третман и сега веќе во 21от век има особено значајно место и улога во третманот на пациентите.

По запознавањето со новите содржини и модернизираниот дел на „Цар Самуил, асс. д-р. Николовска, ги сподели своите впечатоци.

-Денеска успеав да се запознаам со модернизацијата и новите содржини во рамки на комплексот „Цар Самуил", а најголемата предност од сето ова секако ќе ја имаат нашите пациенти, при процесот на рехабилитација, но и сите љубители на бањските третмани кои едноставно сакаат да имаат некој здравствен бенефит благодарение на лековитата вода и модерните услови достапни тука.

 Асс. д-р. Бисера Николовска, др.мед.сци. од Универзитетска клиника за Пластична и рекоструктивна хирургија

Д-р. Емилија Куцуловска-Цветковска, спец. Физијатар од ГОБ 8ми Септември – Скопје, го акцентираше бањското лекување како значајна карика во процесот на лекување и рехабилитација.

-Она што е основно е дека бањското лекување е една карика која завзема една голема улога во целиот процес на лекување. Прво пациентите кои што се рехабилитирани од наша страна, втората рехабилитација најчесто ја спроведуваат во бањите, а една од нив, секако сега со новото руво, ќе биде на прво место секако, е бањата Банско – „Цар Самуил", особено ако се земат предвид и гостопримливоста, како и новиот дел во однос на хидрокинези терапијата што ја нуди бањата.

 Д-р. Емилија Куцуловска-Цветковска, спец. Физијатар од ГОБ 8ми Септември – Скопје

Тема на состанокот: Физикална терапија и рехабилитација на мекоткивни повреди на шаката

Тема на првиот стручен состанок на Македонското здружение на физијатри беше: Физикална терапија и рехабилитација на мекоткивни повреди на шаката, на која свои излагања имаа: асс. д-р. Бисера Николовска, д-р. Емилија Куцуловска-Цветковска и д-р. Лилјана Ѓоргиева, спец. Физијатар.

Пред да ги презентираат своите теми, стручните медицински лица ни ги сублимираа најзначајните точки.

 

-Со едно кратко резиме ќе потсетам на услугите и содржините на нашата установа, „Цар Самуил" – бања Банско, вклучувајќи тука и акцент на одредени карактеристики на термоминеталната вода и нејзините благодети. Ќе зборувам и за одделот за физикална терапија и рехабилитација, сите нови содржини вклучени во тој дел, процедурите кои што се веќе константни и кои долго време се користат. А меѓу другото, ќе дадам осврт и на новите процедури кои што ги користиме во последно време, а инаку се новитети и во физикалната медицина, а во одредени сегменти сме и единствени во Македонија. Тука ќе ги споменам Indiba Activ терапијата, функционална магнетна стимулација ( односно терапија со апаратот Tesla former), понатаму и процедурата на тракција – истегнување со користење на револуционерниот апарат Lаsedia, при што разликата во однос на класичната екстензија е тоа што пациентот наместо да лежи, седи на столица, ја сублимираше темата на својата презентација д-р Лилјана Ѓоргиева.

 

д-р. Бисера Николовска се осврна на влијанието на хируршката техника врз изборот на физикална терапија.

-Денеска ќе предавам за влијанието на хируршката техника на поправка на повреда на флексорни тетиви на шаката врз постоперативниот третман, односно врз изборот на физикалната терапија, која што е исто значајна и важна како и самиот хируршки третман за добивање на еден оптимален исход, подвлече д-р. Николовска.

Д-р. Емилија Куцуловска-Цветковска, во својата презентација стави акцент и на сите нови рехабилитациони техники во однос на повреди кои се настанати на шака.

 

-Во однос на мојата тема на која ќе се осврнам денеска – станува збор за рехабилитација на повреди кои што се настанати на шака, особено мекоткивни повреди. Пред сѐ, земена е во предвид евалуација на пациенти кои што се рехабилитирани во нашата установа, а во однос на флексорните тетиви на шаката. Ќе направам едно сиже за сето она што е сработено во последните година дена, во институцијата од каде што доаѓам, ГОБ „8ми Септември", а ќе дадам осврт и на сите оние нови рехабилитациони техники, како и осврт на кинезитерапијата.

Цар Самуил - Со почит кон традицијата. Во чекор со модерното. Со помош на природата.
Во служба на медицината.

 

 

 

 

Објавено:
27 март 2023
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
3.860 пати