Четири навики што ги практикуваат Скандинавците за среќен живот

13 ноември 2023

Факт дека стресниот начин на живот не ни дозволува често да се релаксираме и опуштиме.

Едноставно немаме време да го правиме тоа што го сакаме, а од друга страна сме пренатрупани со обврски и премногу информации на дневно ниво.

Познато е дека скандинавските земји се наоѓаат на врвот на листата Најсреќни нации во светот.

Уште од 2012 па наваму Данска, Шведска, Финска и Норвешка важат за најсреќни земји на планетава.

Годинава Данска е на второ место, Шведска на 6-то, додека Норвешка на 7-мо, додека првото место и припадна на Шведска што е шести пат по ред.

Тоа во голема мера се должи на следниве четири навики што овие земји ги пректикуваат.

Fika

Ова мало зборче е клуч за среќата на Швеѓаните. Тоа е еден вид на традиција што ги охрабрува и поттикнува луѓето да прават почести, кратки паузи за да ги наполнат батериите. Тоа не е само една обична кафе пауза или време за оброк, за нив fika е начин на живот.

Hooga

Кога ќе се спомене овој збор, Данците го поистоветуваат со концептот за среќа. Со hooga се опишува чувство или расположение што произлегува од задоволството кога секојдневните едноставни работи ги правиме посебно убави. Тоа може да биде запалени свеќи на маса додека вечераме, сами или во друштво, букет цвеќе што попатно сме го зеле за до разубавиме домот. Тоа е концептот на топлина, удобност и уживање по којшто се водат Данците.

Lagom

Баланс или што би рекле Швеѓаните lagom. Тоа е нивната навика, за сè во животот да се има баланс, точна мерка, ни повеќе ни помалку. Само така може да се постигне хармонија со другите и со себе што е од исклучителна важност за среќен живот.

Friluftsliv

Friluftsliv е она што Скандинавците го преведуваат како живот во природа. За нив поминатото време надвор во природа е многу важно без разлика дали станува збор за спортување или едноставна прошетка. Оваа навика го намалува стресот и го зголемува лачењето на хормонот на среќата, што пак ја поттикнува креативноста.

Фото: Pinterest

Објавено:
13 ноември 2023
Категорија: 
Здравје